(No Cold War condemns US Attack on Venezuela – Macedonian)
Во 2 часот по полноќ, по локално време, на 3 јануари 2026 година, Соединетите Американски Држави нападнаа повеќе локации во и околу Каракас, како и во сојузните држави Миранада, Арагва и Ла Гваира, вклучително и воени бази и цивилни цели. Овој напад е директна повреда на Членот 2 од Повелбата на Обединетите нации. Соединетите Држави одамна јасно ставија до знаење дека оваа војна, која ѝ ја наметнуваат на Венецуела, е за нафта и за ништо друго.
Американскиот претседател Доналд Трамп сега започна напади на сите три континенти на Глобалниот Југ – Африка, Азија и Латинска Америка. Така тој застана во друштвото на Теодор Рузвелт, Вудроу Вилсон, Хари Труман, Двајт Ајзенхауер, Линдон Џонсон, Ричард Никсон, Роналд Реган, Џорџ Х. В. Буш, Бил Клинтон, Џорџ Буш Помладиот и Барак Обама; односно со поголемиот дел од американските претседатели кои извришија агресии од 20 и 21 век. Овој напад ќе му го обезбеди на Трамп потребниот мачо-имиџ токму пред неговото обраќање за состојбата на нацијата на 4 јануари пред американскиот Конгрес, но ништо повеќе од тоа.
Соединетите Американски Држави нема да победат во Венецуела. Ќе се соочат со сериозен отпор не само од венецуелскиот народ, туку и од народите ширум светот.
Не на кршењето на Повелбата на ОН.
Не на војната.
Да за мирот.